-Не е време за воено профитерство. Во државава има прописи и закони и точно се знае какви одлуки може да донесат Владата и Собранието. Компаниите, посебно во енергетиката, треба да работат согласно прописите на државата, а ние треба да го изнајдеме најдоброто решение за граѓаните и стопанството, тоа е наша обврска, а уцени нема, истакна Бектеши во гостувањето на Топ Тема.Во врска со цената на мазутот, министерот рече дека е регулирана од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
-Ако цената е повисока од таа што е регулирана, јавно го повикувам Обвинителството да направи контроли во ЕСМ, нагласи министерот.На прашањето по која цена „Пуцко петрол“ превезува мазут, рече дека за ова одговор треба да се побара во ЕСМ.
-Таму ќе ви кажат, ќе ви ги дадат договорите, напомена Бектеши.Тој претходно објасни и зошто Бугарија не склучува договор со Србија за набавка на природен гас.
-Бугарија може да и даде електрична енергија на Србија, но ние зборуваме за количини. Бугарија троши милијарди нормални метри кубни годишно природен гас, а ние околу 300 милиони. Србија нема толку природен гас колку што троши Бугарија. Затоа Бугарија не прави договор со Србија. Истото важи и за Грција, рече министерот.