logo
logo
logo

Во 2024 нема што да зборуваме за КОВИД мерки - 620 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ИСКОРИСТАТ ПОИНАКУ

Vecer | 17.07.2024

Во 2024 нема што да зборуваме за КОВИД мерки - 620 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ИСКОРИСТАТ ПОИНАКУ

Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска соопшти дека од КОВИД-мерките во Буџетот, што ги креирала претходната Влада, се скратени 620 милиони денари.

КОВИД-мерките, како што рече Димитриеска Кочоска на прес-конференција, веќе не треба да постојат зашто короната е веќе минато и одамна зад нас.

Комплетно се скратени 620 милиони денари од КОВИД-мерките предвидени во Владата и повеќе нема што да стои таква мерка – „КОВИД“. КОВИД-от е одамна зад нас и им кажав на моите вработени во Министерството, веќе таков опис да не постои. Нема што да зборуваме за КОВИД во 2024 година, рече Димитриеска Кочоска, одговорајќи на новинарски прашања.

Во врска со ЕСМ, министерката информира дека државата ќе плати еден дел од гаранцијата што на компанијата и доспева во август. Повеќе од тоа, додаде, нема да има трансфер од Буџетот за ЕСМ.

Еден дел од гаранцијата која им доспева во август ќе платиме ние, останатиот дел ги задолживме да го платат сами. Ќе можат, таму различни ни се ставовите, тие имаат еден став. Во овој момент повеќе од тоа нема да има трансфер од буџетот за ЕСМ, потенцира Димитриеска Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk