logo
logo
logo

МАЃАР ЗА ПРОТОКОТ НА РУСКА НАФТА: „Можно од следната недела“

Vecer | 17.04.2026

МАЃАР ЗА ПРОТОКОТ НА РУСКА НАФТА: „Можно од следната недела“

Лидерот на партијата Тиса која победи на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, изјави дека запрениот проток на руска нафта преку нафтоводот Дружба би можел да биде обновен следната недела.

Според него, нафтената компанија МОЛ изјавила дека „врз основа на информации од своите партнери, очекуваат нафтоводот Дружба повторно да почне со работа следната недела“, пренесува Ројтерс.

Поради спорот околу нафтоводот Дружба, поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше одобрувањето на заемот од ЕУ за Украина за 2026-2027 година, од 90 милиони евра, како и 20-тиот пакет антируски санкции.

Протокот на руска нафта преку нафтоводот Дружба до Унгарија и Словачка е суспендиран од крајот на јануари.

Киев соопшти дека Русија ја погодила опремата на цевководот во западна Украина, додека Словачка и Унгарија тврдат дека Украина е виновна за продолженото прекинување на снабдувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk