logo
logo
logo

МАЛ ПОРАСТ НА ГОРИВАТА: Дизелот и бензинот 98 поскапуваат за 2,5 денари

Vecer | 18.05.2026

МАЛ ПОРАСТ НА ГОРИВАТА: Дизелот и бензинот 98 поскапуваат за 2,5 денари

Малопродажната цена на бензинот од 95 октани се зголемува за 2,00 денари по литар, додека  пак на дизелот и на бензинот од 98 октани се зголемуваат за 2,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ се зголемува и цената на мазутот зголемува за 0,846 денари па килограм ќе чини 50,814 ден/кг.

Регулаторите, сепак,  ја намалија цената на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар.

Според тоа од полноќ ќе важат следните цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98  –  89,00  (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00  (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 50,814 (денари/килограм)

Во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2,00 ден/лит кај  дизелот и кај бензините и е вкалкулиран намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати за  бензините во износ од 10%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk