logo
logo
logo

На Менхетен ПЛАТА ОД 100.000 ДОЛАРИ ВРЕДИ 30.914 ДОЛАРИ

Vecer | 21.02.2024

На Менхетен ПЛАТА ОД 100.000 ДОЛАРИ ВРЕДИ 30.914 ДОЛАРИ

Истражувањето на американската финансиска компанија SmartAsset покажа дека плата од 100.000 долари има најмала куповна моќ во Њујорк.

Со истата сума на пари најмногу може да се купи во Тексас, Оклахома и Тенеси.

Оваа плата има најмала куповна моќ во Менхетен, каде 100.000 долари имаат ефективна вредност од 30.914 долари, откако ќе се одземат федералните, државните и локалните даноци и трошоците за живот. Што се однесува до предградијата на Њујорк, 100.000 долари во Бруклин се еквивалентни на 43.376 долари, а во Квинс ефективната вредност на оваа сума пари е 49.978 долари, пренесува CBS.

Оваа плата има најсилна ефективна вредност во Ел Пасо, Тексас, каде што има куповна моќ од 88.840 долари, според SmartAsset.

Во градот нема државни или локални даноци на доход, а Тексашаните имаат 12 отсто пониски трошоци за живот од просекот во САД. Покрај Ел Пасо, најмногу 100.000 долари вредат во Оклахома Сити и Мемфис, Тенеси.

Најниска вредност на оваа сума, освен во Менхетен, има во Хонолулу, Хаваи и Сан Франциско, Калифорнија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk