logo
logo
logo

Атрактивна парцела во Градски парк оди на лицитација

Vecer | 29.12.2014

Атрактивна парцела во Градски парк оди на лицитација

На понуда, со почетна цена од 2.200 денари за метар квадратен, е парцела со површина од 14.100 метри квадратни во Градскиот парк, на која во моментов се наоѓаат фудбалските игралишта за тренинг на клубот „Вардар", објавува интернет порталот Билд.мк

На локацијата помеѓу Националната арена „Филип Втори" и Паркот на франкофонијата ќе се гради објект за спорт и рекреација со приземје и еден кат. Атрактивната градежна парцела ќе се отуѓи на електронско јавно наддавање што е закажано за 3 февруари 2015 година, додека пријавите за учество треба да се поднесат најдоцна до 28 јануари. Сите заинтересирани треба да достават банкарска гаранција во висина од 150.000 евра за сериозност на понудата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk