logo
logo
logo

Арачиново со поголема потрошувачка на струја од 474 отсто

Vecer | 22.11.2022

Арачиново со поголема потрошувачка на струја од 474 отсто

Додека некои единици на локална самоуправа успеале во октомври да направат заштеди на потрошувачка на електрична енергија од 60 до 70 отсто во однос на истиот месец лани, Општина Арачиново има скок на потрошувачката од неверојатно 474 отсто. Таа е единствената општина која не ја испочитувала препораката за заштеда на електрична енергија од 15 отсто, а останатите две кои направиле поголема потрошувачка од ланскиот октомври се Студеничани со 11 отсто и Лозово со 12 проценти. Ова го презентираше министерот за економија Кршеник Бектеши, кој денеска даде графички приказ за штедењето на институциите. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто.
– Владата, министерствата, собранието, претседателот, ЕСМ, Мепсо, имаат намалена потрошувачка во проек од 29 отсто, што е повеќе со вкупната заштеда од 20% остварена во септември. Задоволство ми е да кажам дека сите институции во октомври имаат намалена потрошувачка. Најмала заштеда има кај здравство од 18%, а кај МОН има заштеда од 58%. Заштедата кај Владата е 32%, кај Собранието е 22%, кај Претседателот е 24%, кај ЕСМ е 25%, а кај Мепсо е 22%. Ако се земат податоците на сите државни претпријатија, агенција и управи, вкупната заштеда е 24% – истакна Бектеши на прес-конференцијата.
Согласно податоците само на министерствата со сите нивни единици на локално ниво, заштедата е околу 33%. Министерството за животна средина заштедило 94%, а МОН заштедило 24%. Министерствата за внатрешни работи и за економија заштедиле 30%. Споредбено со октомври 2021, јавните претпријатија со сите подрачни единици заштедиле 17%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk