Администрацијата на Бајден не само што не се откажа од трговскиот конфликт на Трамп со Пекинг, туку и го интензивираше со вклучување на два нови сојузници, Јапонија и Холандија, во технолошката војна.

Американскиот сојуз во технолошката војна со Кина добива два нови сојузници, Јапонија и Холандија, кои на барање на Вашингтон ќе го ограничат извозот на опрема за производство на чипови во Кина, што дополнително го зголемува американскиот притисок врз азиската сила. Како што пренесува Блумберг, Холандија треба да воведе ограничување на извозот на машини за производство на чипови во Кина на нејзината компанија ASML, единствениот светски производител на најсовремена технологија за производство на напредни чипови, додека јапонската влада ќе наметне слично ограничување на Никон, за што моментално се разговара во Вашингтон.