logo
logo
logo

Аџибадем ја отвори својата 10-та болница во Истанбул и 24-та болница ширум светот

Vecer | 04.10.2022

Аџибадем ја отвори својата 10-та болница во Истанбул и 24-та болница ширум светот

„Аџибадем“, глобално познат синџир во областа на медицината и водечка здравствена групација во Турција, продолжува да расте брзо. Групацијата ја отвори својата најнова болница -  „Аџибадем Аташехир“ како своја 10-та болница во Истанбул и 24-та ширум светот.  „Аџибадем Аташехир“ е препознатлива по својата уникатна архитектура, напредна медицинска технологија и дигитални системи исклучиво развиени од страна на Групацијата во областа на здравствениот менаџмент. Исто така, болницата привлекува внимание со Одделот за педијатрија поради уникатниот дизајн приспособен кон децата и местата за игра на Одделот, што се наоѓаат независно од главната зграда на болницата.

Здравствената групација „Аџибадем“ е глобален синџир кој работи во 5 земји вклучувајќи ги Турција, Бугарија, Македонија, Србија и Холандија. Сега, со отворањето на најсовремената болница „Аџибадем Аташехир“, Групацијата продолжува да ја шири својата широка палета на медицински услуги.

Како најнова болница што ги отвори своите врати,  „Аџибадем Аташехир“ посебно се истакнува по својата интегрирана дигитална инфраструктура која служи како централен столб за системите на здравствен менаџмент, нејзиниот мошне искусен лекарски персонал и напредната технологија за дијагностика и лекување.

„Аџибадем Аташехир“ нуди третмани во сите гранки на медицината, но сепак посебна грижа им пружа на педијатриските, гинеколошките и онколошките пациенти благодарение на уникатниот дизајн на болницата и карактеристиките кои ја задоволуваат секоја нивна потреба, осигурувајќи на тој начин дека безбедноста и задоволството на пациентите се одржуваат на највисоко ниво во текот на целиот процес, од дијагностицирање до лекување. Болницата располага со 153 соби за пациенти, 298 кревети за пациенти, 10 операциони сали за хируршки интервенции, 1 операциона сала за ИВФ и сали за мали операции, ендоскопија/колоноскопија и ангиографски интервенции.

Изградена како затворен простор од 65.000 квадратни метри, болницата е проектирана на начин што дава нов изглед на хоризонтот на Аташехир. Како што потврдува LEED, 15-катната болница е високо ценета поради нејзините карактеристики - „Еко-пријателска“ и „Паметна зграда“, поради што и е доделен златен статус LEED.

Приватна детска клиника со рингишпил

Изградена како посебна зграда, архитектурата на Одделот за педијатрија на 2 ката нуди средина приспособена за децата, средина која ги забавува децата-пациенти со активности и места за игра, и им го одвлекува вниманието од болничката атмосфера. Одделот Педијатрија работи 24 часа со лекари специјалисти од сите гранки и подгранки. Собите за следење се наоѓаат во близина на влезот на поликлиниката со директен одвоен пристап за деца со треска и инфекции. За анализа на крв и вакцинација, децата и нивните семејства можат да го посетат Одделот без да влегуваат во поликлиниката. Дополнително, за да се задоволи разиграната природа на децата, веднаш пред зградата Педијатрија се наоѓа шарен рингишпил за да можат децата да уживаат во времето и да се забавуваат при престојот во болницата „Аџибадем“.

Посебни услуги за удобно породување

Поликлиниката за акушерство и гинекологија во „Аџибадем Аташехир“ се наоѓа на приземје и опфаќа Одделение за гинеколошка онкологија, Центар за ИВФ и Перинатолошки центар. Болницата, позната по првокласните услуги за идните мајки, е проектирана така што сите процедури во врска со породувањето и раѓањето се одвиваат на еден кат и на тој начин се осигурува дека пациентите ќе добијат помош на најбрз и најповолен начин.

Холистички пристап кон онколошките пациенти

Клиниката за онкологија е проектирана специјално за потребите на пациентите кои се на онколошки третмани и до неа може да се пристапи преку посебен влез; таму работи тим од искусни специјалисти кои користат мултидисциплинарен пристап. Во клиниката има вкупно 34 единици за хемотерапија, од кои 30 се амбулантски и 4 стационарни, сите опремени со напредни технолошки системи за дијагностика и лекување.

Болница која е дом на дигиталната уметност

Болницата  „Аџибадем Аташехир“ ги пречекува своите посетители со дигитално уметничко дело на главниот влез, при што уметничкото дело е специфично создадено со помош на дигитални податоци. Податоците од 145.580 бебиња родени во болниците во „Аџибадем“ се користени за ексклузивниот дизајн на инспиративното уметничко дело за болницата од страна на познатите уметници, браќата Хакан-Сулејман Јилмаз, познати по нивните дигитални уметнички дела во Турција. Во делото на уметниците наречено „Новороденче“, секое новородено е претставено со симбол на цвеќе според месецот на раѓање. Уметничкото дело нема да биде ограничено само на бебињата родени во минатото, туку секое бебе родено во „Аџибадем“ќе го заземе своето место во уметничкото дело како нов цвет. На тој начин, уметничкото дело се истакнува како „живa“ дигитална уметност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk