logo
logo
logo

ОД УТРЕ ПОЕВТИНИ ГОРИВА - ова се новите цени

Vecer | 14.04.2026

ОД УТРЕ ПОЕВТИНИ ГОРИВА - ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Од полноќ бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 1,50 денари, па така нивните нови цени ќе изнесуваат 82,00, односно 84,00 денари по литар.

Најголемо намалување има кај Екстра лесното масло за домаќинство, чија цена паѓа за 3,50 денари, додека цената на ДИЗЕЛОТ се намалува за 2,50 денари и ќе изнесува 95,50 денари по литар. Мазутот, исто така, бележи пад и ќе се продава по цена од 49,227 денари за килограм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk