logo
logo
logo

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Vecer | 24.04.2026

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Во продажба е третата серија на инстант лозот „Златна треска“, кој носи возбудливи можности за добивки. Лозот е особено атрактивен бидејќи содржи три различни игри, со кои секој играч има повеќе шанси за добивка.

Првата игра – „Златна десетка“ – носи добивка кога збирот на двата едноцифрени броја е десет, а добивката е наведена во полето „Добивка“. Втората игра додава уште повеќе возбуда: симболот „златна плочка“ веднаш носи добивка со означената сума. А во бонус играта, ако еден од броевите на играчот се совпадне со добитниот, добивката се освојува, а доколку се појави симболот „2x“, сумата се удвојува.

Она што ја прави „Златна треска“ посебна е можноста на еден лоз да се освојат до три добивки истовремено, што ја претвора секоја комбинација во вистинска авантура. Со цена од само 60 денари, секој лоз е шанса за нова приказна и можност да се почувствува златната треска.

„Златна треска“ е повеќе од игра – тоа е симбол на возбуда, надеж и изненадување, што може да се сподели и во „Среќа плус“ ковертите на Државна лотарија, претворајќи го секој мал знак на внимание во подарок што носи можност за незаборавна добивка и радост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk