Регулаторната комисија за енергетика повторно ја зголеми цената на дизелот. Од ноќеска на полноќ ќе се продава за 72 денари литар.
Од ноќеска на полноќ, цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари по литар. Цените на останатите горива остануваат непроменети, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Според одлуката, се реализира пораст на цените на мало во просек за 0,57 проценти во однос на вчерашниот ден.
Новата цена на мало за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 76 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на дериватите на светскиот пазар, во споредба со минатата пресметка, покажуваат пораст кај бензините во просек за 5,314 проценти, кај дизелот за 4,601, кај екстра лесното масло за 4,326 и кај мазутот за околу 2,135 проценти.
„Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1781 отсто.“
Ова поскапување е второ во период од 2 дена откако вчера исто така беше зголемен за 2,5 денари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата