logo
logo
logo

ПОЗНАТ ИНВЕСТИТОР ПРЕДВИДУВА КОЛАПС НА БЕРЗИТЕ - тврди дека наскоро вредноста на акциите ќе се преполови

Vecer | 22.11.2024

ПОЗНАТ ИНВЕСТИТОР ПРЕДВИДУВА КОЛАПС НА БЕРЗИТЕ - тврди дека наскоро вредноста на акциите ќе се преполови

Познатиот инвеститор Марк Шпицнагел предвидува дека берзата се движи кон историски крах. Тој смета дека еуфоријата од пораст на акциите во услови на лудило со вештачка интелигенција може наскоро да спласне, а цената на акциите наеднаш да се преполови.

Шпицнагел оцени дека сегашната ситуација на пазарот е „мега буре барут и темпирана бомба“.

– Мислам дека се движиме кон нешто навистина, навистина лошо – рече Шпицнагел во неодамнешното интервју за Волстрит журнал WSJ (The Wall Street Journal).

Тој сегашната состојба со берзите ја спореди со познатиот балон „dot-com“, кога инвеститорите вложуваа пари во технолошките акции пред да згасне лудоста и да се сруши Nasdaq во 2000 година.

Сепак, Шпицнагел рече дека балонот и ефектите од неговото пукање ќе бидат уште поекстремни сега бидејќи долгот на владата од 34 трилиони долари ќе ѝ отежне на Американската централна банка (ФЕД) да ја сврти економијата навреме и да избегне рецесија.

Според него сегашниот раст на вредноста на акциите веројатно ќе трае со месеци бидејќи инфлацијата продолжува да се намалува, а ФЕД ја ублажува монетарната политика, додавајќи дека акциите наскоро би можеле да изгубат повеќе од половина од нивната вредност.

Фондот на Шпицнагел „Universa Investments“ се обложува на настани што колоквијално се нарекуваат „црн лебед“ кои ги движат пазарите.

Тој заработи милијарди за време на падот на берзата во 2008 година, за време на криза во 2015 година и почетокот на пандемијата со ковид-19 на почетокот на 2020 година.

Шпицнагел предупредува на колапс на пазарот од јануари 2023 година, па иако не беше прв пат да алармира, тој рече дека временската рамка на претстојната криза сега е појасна и дека рецесија може да биде на повидок пред крајот на годината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk