Дизел горивото денеска ќе поевтини за 2 до 2,5 денари, додека бензините малку ќе поскапат, вели премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните активности на Универзална Сала.
Стапката на ДДВ од 10% останува иста, вели за новинарите Мицкоски.
– Не мислам дека е преуранета мерката, напротив Македонија како држава веќе два месеци е пример за начинот како се справуваме со оваа енергетска криза. Ова е увезена криза поради геополитичките случувања. Ние сме една од ретките држави која што направи ваква робусна мерка веднаш и со тоа успеја да го задржи нивото на едни пристојни граници. Според нашите калкулации, јас очекувам дека денеска повторно дизелот ќе поевтини, за 2 до 2,5 денари, бидејќи минатата недела просекот берше таков на плац во Флоп Италија што за нас претставува репер берза – изјави првиот човек на владата.
Премиерот додаде дека очекува мало зголемување на цените на бензините.
– Како Влада се бориме жилаво во овие 2 месеца и успеавме да не дозволиме како многупати во минатото да бидеме на дното туку напротив да бидеме на врвот според процентот на нашиот БДП – додаде Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата