logo
logo
logo

ХАЛКБАНК ПРЕДУПРЕДУВА НА ИЗМАМА: Ве молиме да НЕ КЛИКНУВАТЕ на анкетата

Vecer | 27.04.2026

ХАЛКБАНК ПРЕДУПРЕДУВА НА ИЗМАМА: Ве молиме да НЕ КЛИКНУВАТЕ на анкетата

Почитувани клиенти на Халк Банка АД Скопје,

Во текот на денешниот ден, се одвива злонамерна кампања која има за цел да ги прибере Вашите броеви на картички, како и Вашите лични податоци, а со цел злоупотреба на Вашите финансиски средства преку дигитализација на Вашите платежни картички.

Нападот се одвива преку учество во анкета каде се претставува дека е од банката и бара од Вас да ги внесете Вашите податоци.

Анкетата е измама и на никој начин не е поврзана со банката.

Ве молиме да НЕ КЛИКНУВАТЕ на анкетата и да не ги давате Вашите податоци на посочената адреса.

Халк Банка АД Скопје никогаш нема од Вас да ги побара Вашите лични и податоците за платежните картички на овој начин. Целокупната комуникација помеѓу банката и клиентите се одвива преку официјални канали кои се и потврдени од страна на банката.

Доколку веќе сте ги внеле Вашите податоци на измамничкиот сајт, Ве молиме ВЕДНАШ да се јавите во контакт центарот на Халк Банка АД Скопје, како би се преземале понатамошни активности за спречување на измамите. Телефонскиот број на контакт центарот е +389 2 3296 330 и истиот Ви е на располагање 24 часа во денот.

Со почит,

Халк Банка АД Скопје

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk