logo
logo
logo

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Престанува производството на телефоните од овој популарен бренд

Vecer | 03.08.2025

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Престанува производството на телефоните од овој популарен бренд

HMD Global, компанијата која ја има лиценцата за брендот на мобилни телефони Nokia од 2017 година, целосно престана да ги продава сите паметни телефони Nokia преку својата веб-страница.

Некогашниот неоспорен гигант во мобилната индустрија, Nokia, официјално се повлекува од пазарот на паметни телефони.

Компанијата HMD Global, која во последните години произведуваше телефони под брендот Nokia, ги отстрани сите модели на паметни телефони од својата официјална веб-страница - симболично затворајќи големо поглавје во историјата на мобилната телефонија.

Во текот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, Nokia беше синоним за мобилни телефони.

Модели како легендарниот Nokia 3310 и телефонот „банана“ (модел 8110) беа запаметени по нивната издржливост, долготрајна батерија и уникатен дизајн.

На врвот на својата популарност, Nokia држеше дури 40% од светскиот пазар на мобилни телефони, а во Велика Британија до 70%. Во тоа време, звукот на рингтоновите на Nokia беше неизбежен дел од секојдневниот живот.

Иако Нокиа беше лидер во иновациите, направи клучна грешка на почетокот на ерата на паметните телефони - го игнорираше растечкото влијание на Андроид и iPhone.

Компанијата продолжи да се потпира на својот застарен оперативен систем Symbian, а подоцна дури и партнерството со Microsoft и преминот на Windows Phone не успеаја да ја вратат нејзината поранешна слава.

Анализите покажуваат дека лошото стратешко управување, како и внатрешната атмосфера на страв и неодлучност, дополнително придонесоа за падот на компанијата. Нокиа едноставно доцнеше да одговори на промените во индустријата.

Иако ова е крајот за паметните телефони на Нокиа, брендот продолжува да живее. Компанијата сега се фокусира на развој на телекомуникациска инфраструктура, 5G мрежи и лиценци за патенти.

Во исто време, HMD Global - сега познат како Human Mobile Devices - продолжува да развива свои телефони, но повеќе не го користи името Нокиа за Android уреди. Сепак, класичните телефони под брендот Нокиа сè уште може да се најдат на распродажба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk