logo
logo
logo

100 милиони луѓе ЌЕ МОРА ДА СМЕНАТ РАБОТА во следните 9 години

Vecer | 18.05.2021

100 милиони луѓе ЌЕ МОРА ДА СМЕНАТ РАБОТА во следните 9 години

Пандемијата изминативе година дена донесе многу промени на пазарот на трудот, а една од нив е преквалификација: се претпоставува дека до 2030 година, околу 100 милиони работници ќе ја сменат својата професија.

Но, тоа не само што ќе биде нивна волја, туку тие ќе бидат принудени да ги следат новите трендови.

„McKinsey & Co“ дошле до тој заклучок откако ја анализирале состојбата во осумте најголеми економии во светот.

Главниот предизвикувач е пандемијата, која го забрза процесот на преквалификација: затоа, секој четврти работник во Кина, Франција, Германија, Индија, Јапонија, Шпанија, Велика Британија и САД веројатно ќе треба да ја смени својата професија за десет години.

Помалку образованите жени, етничките малцинства и младите ќе бидат најтешко погодени, а за многумина преквалификација ќе значи дека ќе треба да бараат работа во повешти улоги, бидејќи уделот на вработување во занимања со ниски плати опаѓа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk