logo
logo
logo

ЌЕ СЕ ГРАДИ ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО СРБИЈА од 70 километри

Vecer | 27.06.2025

ЌЕ СЕ ГРАДИ ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО СРБИЈА од 70 километри

Ќе ја забрзаме реализацијата на проектот за изградба на интерконектор за природен гас помеѓу Македонија и  Србија, најавија  диркторите на НОМАГАС Србијагас Мухамед Елмази и  Душан Бајатовиќ.

Тие во Белград вчера потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заложбата за изградба на интерконекторот.

Интерконекторот ќе ги поврзе системите за пренос на природен гас на двете земји преку гасовод со должина од околу 70 километри – 47 километри на територија на Србија и 23 километри на територија на Македонија.

Поврзувањето ќе се реализира од градовите Клечовце до Врање (Србија), при што во рамки на проектот се предвидува изградба на главна мерна станица на македонска територија и контролна мерна станица на српска страна.

Во тек е изработка на Студија за изводливост и проценка на влијанието врз животната средина, поддржано од Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkan Investment Fond/ WBIF).

„ Овој стратешки проект, од особено значење за двете држави, ќе придонесе за зајакнување на енергетската безбедност во регионот, унапредување на енергетската транзиција и диверзификација на правците на снабдување, поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на природен гас, како и интеграција на регионалните гасни пазари“, објави Елмази на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk