Германските научници тврдат дека имаат нова идеја за неограничен извор на енергија, кој вклучува употреба на краткотрајни ласерски импулси.
Реакторот за фузија како неограничен извор на енергија, кој не е штетен за животната средина, е проект на кој се работи 70 години. Идејата за енергија од морската вода е многу привлечна за научниците и затоа се обидуваат да ја надминат главната пречка во процесот, а тоа е температурата повисока од онаа на јадрото на Сонцето.
Директорот на германскиот стартап Marvel Fusion, Мориц фон дер Линден, кој се занимава со оваа тема, вели дека постоечките нуклеарни централи користат нестабилни изотопи како гориво и ја користат енергијата создадена од нивното распаѓање. Проблемот е што нуспроизвод на тој процес е радиоактивен отпад.
Сепак, Германците сега работат на модифицирање на процесот за да биде целосно безбеден, а Marvel Fusion досега има спроведено детални компјутерски симулации и ласерско тестирање, но сè уште нема работен прототип на реактор. Но, тоа што го имаат беше доволно да привлечат инвестиции од неколку десетици милиони евра, а меѓу инвеститорите се и Сименс и францускиот конгломерат Талес.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата