logo
logo
logo

ИСПЛАТЕНИ НАД 2 МИЛИЈАРДИ денари субвенции за тутун

Vecer | 16.06.2026

ИСПЛАТЕНИ НАД 2 МИЛИЈАРДИ денари субвенции за тутун

Министерство за финансии (МФ) денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.

- Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност, соопшти МФ.

Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор, стои во соопштението од МФ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk