logo
logo
logo

ИПАРД средствата повторно ДОСТАПНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Vecer | 28.04.2026

ИПАРД средствата повторно ДОСТАПНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат одговорно, транспарентно и во интерес на македонските земјоделци - соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски на прес-конференција објасни дека Брисел никогаш не ги блокирал средствата, туку дека во моментот кога излезе во јавност случајот со злоупотребата на претходниот директор на Платежната агенција, се активира националниот механизам, кој го извести Брисел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk