logo
logo
logo

ВО ПИПЕРКИ ОД МАКЕДОНИЈА ОТКРИЕНА ОПАСНА ХЕМИКАЛИЈА: „Известувањето стигна доцна, не ги јадете, ако веќе не сте ги изеле“

Vecer | 05.10.2025

ВО ПИПЕРКИ ОД МАКЕДОНИЈА ОТКРИЕНА ОПАСНА ХЕМИКАЛИЈА: „Известувањето стигна доцна, не ги јадете, ако веќе не сте ги изеле“

Свежите црвени пиперки увезени на хрватскиот пазар од Северна Македонија содржат токсични хемикалии.

Во црвените пиперки се пронајдени високи нивоа на забранетиот пестицид метомил, кој е многу токсичен за луѓето, пишува Даница.хр

Опасноста од метомил е потврдена со бројни претходни научни студии, и затоа неговата употреба е забранета во Европската Унија.

Кога се консумира во високи дози, метомилот може да предизвика оштетување на црниот дроб и бубрезите!

Како што објави Европскиот систем за безбедност на храната, кај свежите црвени пиперки увезени од Северна Македонија е утврдено дека содржат 0,049 милиграми метомил на килограм, што е пет пати повеќе од дозволената граница.

Инспекцијата нареди итно повлекување на пиперката од пазарот, но сè уште не прецизираа во кои продавници е достапна.

Европскиот систем за безбедност на храната ги предупредува потрошувачите дека здравствениот ризик од овој пестицид е сериозен.

Големиот проблем е што пиперките се анализирани на 23 септември, а резултатите стигнаа дури сега, што значи дека купената пиперка веројатно е изедена!

Извори: Слободна Далмација, Телеграф, Еспресо, Информер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk