logo
logo
logo

РУСКАТА НАФТА повторно тече кон СЛОВАЧКА

Vecer | 23.04.2026

РУСКАТА НАФТА повторно тече кон СЛОВАЧКА

Словачка од синоќа започна повторно да прима сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, потврди министерката за економија на земјата, Дениса Сакова. Според нејзината објава на социјалните мрежи, приемот на енергенсот започнал точно во два часот по полноќ и во моментов протокот на нафта се одвива непречено и според претходно утврдениот план.

Овој потег уследи по најавата на Сакова од средата, кога таа посочи дека се очекува руската нафта да започне да пристигнува во четврток наутро. Со ова се става крај на прекинот што започна на 27 јануари, кога Украина го запре транзитот на нафта преку својата територија кон Словачка и Унгарија. Како причина за ваквата одлука тогаш официјален Киев ги наведе оштетувањата на цевководот.

Сепак, словачките власти од почетокот изразуваа сомнеж во ваквото образложение, тврдејќи дека нафтоводот е технички исправен. Тие ја обвинија Украина дека прекинот на испоруките е политичка одлука насочена кон уцена на соседните земји. Ситуацијата доби пресврт на 22 април, кога унгарската компанија МОЛ доби официјално известување од украинската „Укртранснафта“ дека се создадени услови за обновување на испоруките, што резултираше со денешното повторно ставање во функција на овој стратешки важен енергетски правец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk