logo
logo
logo

Можеби ќе се продолжи со пониско ДДВ кај горивата

ТРЕБА ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ, А НЕ ПОНИСКИ ЦЕНИ НА АЛКОХОЛОТ И НА ЦИГАРИТЕ

Vecer | 09.06.2026

ТРЕБА ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ, А НЕ ПОНИСКИ ЦЕНИ НА АЛКОХОЛОТ И НА ЦИГАРИТЕ

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.

-Од нашата анализа, конкретно за мајската инфлација, главниот двигател на тоа зошто е таа 4,7 % на годишно ниво за мај се два сектори, односно два типа на производи. Тоа се транспортните услуги, кои се двоцифрени, над 10 %, и блиску до двоцифрени се алкохолот, цигарите и тутунските производи. ​Тука јас навистина не би сакал да применувам мерки. Напротив, можеби треба уште поригорозни мерки затоа што нашата цел е да се заштити здравјето на граѓаните. Така што, во делот на алкохолните пијалаци, тутунот и цигарите, односно тутунските производи и цигарите, нема потреба од никакви мерки и еве однапред кажуваме дека тука нема да има мерки – истакна Мицкоски.

Што се однесува во делот на транспортот, премиерот Мицкоски посочи дека Владата веќе разговара со транспортерите.

-Најголемиот дел е авионскиот превоз поради скапиот керозин, кој е двојно повисок. Така што, тука може да интервенираме повторно во делот на даноците – рече Мицкоски.

Премиерот вели првин ќе видат што ќе се случува овој месец, а потоа ќе носат економски таргет-мерки за намалување на инфалцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk