logo
logo
logo

РУСКАТА НАФТА САМО ТЕЧЕ: Земјите веќе се грабаат за милиони барели

Vecer | 13.03.2026

РУСКАТА НАФТА САМО ТЕЧЕ: Земјите веќе се грабаат за милиони барели

Специјалниот претставник на рускиот претседател за економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, изјави дека сè повеќе земји почнуваат да купуваат руска нафта по ублажувањето на американските санкции.

САД претходно издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и деривати натоварени на бродови до 12 март, што вклучува околу 100 милиони барели, а мерката важи до 11 април, потсетува „Спутник“.

Тајландскиот вицепремиер Фифат Рачакитпракан изјави дека неговата земја е подготвена да започне преговори за купување руска нафта.

„Добра вест: од соопштението на САД се чини дека го прекинале бојкотот на извозот на руска нафта, па Тајланд ќе биде една од земјите што сега започнуваат преговори со Русија. Министерството за енергетика на Тајланд ќе ги иницира преговорите“, рече Рачакитпракан.

Дмитриев утрово изјави дека укинувањето на американските санкции ќе влијае на 100 милиони барели нафта од Русија.

„Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, објави не само олеснување на ограничувањата за купување руска нафта од страна на Индија, туку и укинување на сите ограничувања за приближно 100 милиони барели руска нафта во транзит“, напиша тој на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Дмитриев истакна дека поради растечката енергетска криза, понатамошното олеснување на санкциите изгледа сè понеизбежно, и покрај отпорот од некои бирократи од ЕУ.

Според шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, на овој начин американските власти признаа дека глобалниот пазар не може да остане стабилен без руските енергетски ресурси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk