Ќе се ограничат маржата на вештачките ѓубрива и растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за 10 отсто ќе се намали продажната цена на резервите ѓубрива што продавачите ги набавиле по стари цени.
Овие одлуки ги донела Владата на денешната седница, а ќе важат до 31 мај годинава.
Дополнително, информира Трипуновски, се воведува и обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива - трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и да продаваат најмалку 70 отсто од просечните количини набавени во 2026 година, а тргвоците на големо да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70 отсто од просечно продадените количини.
Според министерот, Државнот пазарен инспекторат констатирал раст на цените и варирање на маржите, кои во зависност од компанијата се движеле од 15 до 60 отсто, а во некои случаи, кај специјални, органски ѓубрива, имало раст на маржата и до 70 проценти, што е недозволиво.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата