logo
logo
logo

РАСТ ОД 179% НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

Vecer | 02.03.2026

РАСТ ОД 179% НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

Висок раст од 179,7% на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година споредено со истиот период лани, соопшти Министерството за финансии.

Според соопштението, заклучно со 27 февруари реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари (131,5 милиони евра) што претставува раст од 179,7% повеќе од истиот период лани. Во апсолутен износ тоа е 5,2 милијарда денари (84,4 милиони евра).

Во Буџетот за 2026 година капиталните расходи се проектирани на износ од 40,1 милијарди денари (650,9 милиони евра).

„Планирани се реализација на инфраструктурни проекти, енергетски, капитални проекти од областа на сообраќајот, комунална и локална инфраструктура за подобрување на условите за живот на граѓаните. Исто така, со Буџетот е планиран износ од 2,1 милијарда денари ( повеќе од 34 милиони евра) за реализација на капитални проекти во општините“, се наведува во соопштението.

Од планираните 40,1 милијарда денари во првите два месеца се реализирани 8,1 милијарди денари или 20,12% од предвиденото.

Имено, реализацијата на Буџетот во првите два месеца од годината е согласно планираното.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk