logo
logo
logo

ЕВТИНА СТРУЈА ДО 5 ЧАСА ДНЕВНО - можност што ја најави РКЕ

Vecer | 19.05.2026

ЕВТИНА СТРУЈА ДО 5 ЧАСА ДНЕВНО - можност што ја најави РКЕ

Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов.

„Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем кој ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори, која е далеку поевтина од онаа што ја произведува ЕСМ а државата ја субвенционира, да стигне до граѓаните. Ние сме во нов енергетски период. Енергетиката е динамична, а наша цел како регулатори е евтината енергија да дојде до домаќинствата“, рече Ристов во интервју за емисијата Аргумент на ТВ24.

Идејата, нагласи, е да се искористи хиперпродукција на електричната енергија од фотоволтаичните централи и истата да се стави во систем за да може да ја користат граѓаните и зошто, ако можеме да дозволиме проширување на евтината дневна тарифа, тоа да се направи од два на пет часа.

-Ноќната тарифа ќе остане, но може ќе се помести периодот, да ги видиме резултатите од анализата што ќе покажат, потенцира Ристов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk