logo
logo
logo

КАЗНИ ЗА 14 МЕСАРНИЦИ - уништени 323 килограми небезбедна храна

Vecer | 04.05.2025

КАЗНИ ЗА 14 МЕСАРНИЦИ - уништени 323 килограми небезбедна храна

Казни во вредност од 8 350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли.

Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна.

- Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај седум се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а четири месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените – наведува АХВ.

Неправилности во поглед на означувањето на призводите се утврдени кај три месарници, а кај исто толкав број е утврдено и дека не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk