Собранието го изгласа предлогот за продолжување на кризната состојба со нафтените деривати до 20 јули 2026 година. Одлуката е директна последица на нарушениот транспорт на сурова нафта низ Ормускиот Теснец по неодамнешните воени ескалации на Блискиот Исток.
Со ова се овозможува продолжување на антикризните мерки, како што се пониското ДДВ и намалените акцизи, кои имаат за цел да го заштитат стандардот на граѓаните од евентуален недостиг и енормно покачување на цените на бензинските пумпи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата