logo
logo
logo

ХИБРИДИТЕ ГО ОСВОЈУВААТ ПАЗАРОТ ВО ЕУ, кинеските брендови стануваат сериозен фактор

Vecer | 24.04.2026

ХИБРИДИТЕ ГО ОСВОЈУВААТ ПАЗАРОТ ВО ЕУ, кинеските брендови стануваат сериозен фактор

Во првиот квартал од 2026 година, регистрациите на нови автомобили во ЕУ се зголемија за 4%, главно поради силните резултати во март. Пазарот беше поддржан од силната потрошувачка активност, поттикната од новите и ревидирани даночни олеснувања и шеми за стимулации во главните европски земји.

Хибридните возила продолжуваат да бидат најпопуларниот избор на погонски склоп кај купувачите, додека пазарниот удел на електричните возила достигна 19,4%. Во меѓувреме, хибридите со приклучок продолжија да ја зајакнуваат својата позиција.

Електричните автомобили учествуваа со 19,4% од пазарниот удел на ЕУ во првиот квартал од 2026 година, во споредба со 15,2% претходната година. Хибридите држат 38,6% од пазарот, што ги прави најважниот избор кај потрошувачите во ЕУ. Комбинираниот пазарен удел на бензински и дизел автомобили падна на 30,3%, во споредба со 38,2% во првиот квартал од 2025 година, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Нè интересираше уште една информација, кој кинески производител продава најмногу возила во Европа? Во март, SAIC, или MG, е сè уште на прво место со 23.457 продадени возила во март и 55.444 возила од почетокот на годината. Тоа е доволно за два проценти од пазарот во Европската Унија (минатата година во истиот период, уделот на SAIC беше 2,1 процент). На второ место е BYD, кој продаде 21.158 возила во март и 50.646 возила од почетокот на годината. Уделот на BYD е 1,8 проценти (минатата година 0,8 проценти). Значи, може да се каже дека продажбата на SAIC е стабилна или стагнира, а на BYD расте. Но, сè уште е под SAIC, или MG.

Европските гиганти се уште се далеку понапред: Volkswagen Group држи пазарен удел од 25,6 проценти, Stellantis 16 проценти, Renault Group 10,8 проценти… Да споменеме само дека продажбата на Tesla силно порасна во март, забележувајќи 38.868 регистрации (во споредба со 18.256 регистрации минатата година во март). Сепак, на крајот, може да се каже дека кинеските производители заземаат сериозна позиција на европскиот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk