logo
logo
logo

Евтини гуми ја преплавија Европа: „Бриџстоун“ ги предупредува возачите

Vecer | 29.05.2025

Евтини гуми ја преплавија Европа: „Бриџстоун“ ги предупредува возачите

Минатата година, Европа беше „затрупана“ од лавина кинески производители на гуми кои нудат финансиски многу профитабилни модели на клиентите на стариот континент. Кога се шират на глобалните пазари, кинеските компании имаат значително пониски трошоци за производство од нивните европски или американски конкуренти.

Според „Аутомобилвоче“, во Кина, производството на гуми чини во просек помеѓу 45 и 85 евра, додека производителите во Европа, Северна Америка, Јапонија и Кореја имаат трошоци за производство помеѓу 100 и 120 евра.

И додека сè повеќе возачи во Европа одлучуваат да купат кинески гуми, еден од најголемите светски производители издаде предупредување за „скриен ризик“.

„Бриџстоун“ ги предупреди возачите да размислат двапати пред да вградат евтини гуми произведени во Кина во своите возила, додавајќи дека таквите гуми можат да бидат поскапи на долг рок, пишува „Мирор“.

Емилио Тиберио, технички директор во Бриџстоун, изрази загриженост и нагласи дека почетните заштеди всушност би можеле да ја загрозат безбедноста и да создадат значително повисоки трошоци.

„Можеме да разговараме за цените, но треба да знаете дека со купување гуми произведени во Кина, ќе добиете понизок квалитет. Ако ги погледнеме самите перформанси, очигледно е дека возачите се во проблеми кога станува збор за најважните аспекти како што е запирањето. Кинеските гуми се попривлечни од финансиска перспектива, но повеќето потрошувачи едноставно не се свесни за нивниот квалитет.“

Иако на почетокот се поскапи, гумите од докажани брендови нудат супериорен квалитет што не само што го продолжува животниот век на шарите, туку и го подобрува прилепувањето на патот, намалувајќи го ризикот од лизгање во лоши временски услови и скратувајќи ги растојанијата на сопирање“, вели Тиберио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk