Австралиецот Бејли Пејџ (20) се соочи со проблемот од кој повеќето инфлуенсери се плашат по ноќното излегување во 2020 година - телефонот му остана без батерија.
Не можел да повика такси, па тргнал пешки дома, а за време на прошетката добил идеја која за шест недели му донела 72.000 долари.
Тој се прашувал како може да го полни својот мобилен телефон без да носи преносна батерија со себе, што често знае да биде незгодно.
Сакал да создаде пренослив безжичен полнач кој ќе биде лесен за носење и ја вложил целата своја заштеда во развивањето на својата идеја. Годините на напорна работа и истражување конечно се исплатеа во форма на сопствена компанија.
„Во мојата трета година на колеџ, морав да го балансирам истражувањето со училиштето. Имаше многу долги ноќи и работа викенд за да надоместам се што пропуштив поради факултетот“, изјави Пејџ за Курир Меил.
"Секогаш ги охрабрувам младите луѓе само да се обидат. Ако имате план, мора да го ставите на хартија. Секогаш е добро да добиете поинаква перспектива и повратни информации. Не можете да погрешите ако започнете, што често е најголемата пречка", додаде тој.
Компанијата на Бејли има речиси пет илјади следбеници на Инстаграм, а во описот на нејзиниот профил стои дека повеќе од 20.000 Австралијци ги користат нејзините производи.
Пејџ често го прикажува процесот на изработка на еден од полначите, за кои вели дека се совршен додаток за патување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата