logo
logo
logo

Пропадна тендерот за набавка на мазут за топланите, се бара ново решение за резервно гориво

Vecer | 10.01.2025

Пропадна тендерот за набавка на мазут за топланите, се бара ново решение за резервно гориво

Пропадна  тендерот за набавка на мазут како алтернативно гориво  На ЕСМ наменет за производството на топлина, објавен на крајот на 2024 година. Сега ЕСМ бара ново решение за да ги обезбеди законските количини на мазут за 15 дена.

Ова денеска го соопшти државната ЕСМ која информира дека ниту една компанија не се јавила на тендерот за набавка на мазут.

„На отворањето на јавниот повик на 08.01.2025 година(среда) не беше доставена ниту една понуда. ЕСМ Производство на топлина работи во насока да се изнајде соодветно решение “, се наведува во соопштението.

Од ЕСМ потсетуваат дека  Топланите со кои управува ЕСМ Производство на топлина  користат исклучиво природен гас како примарно погонско гориво во процесот на производство на топлинска енергија и така ќе продолжи и во иднина. Но, додаваат оттаму топланите имаат законска обврска да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет согласно лиценцата, со цел да обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано производство на топлинска енергија.

„Токму затоа, ЕСМ Производство на топлина, поради законската обврска, објави јавен повик за доделување на рамковна спогодба за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите најмногу до 11.000.000kg. Согласно објавениот оглас, друштвото планира да додели рамковна спогодба со избраниот добавувач, односно го задржува правото да набавува количини на мазут согласно тековните потреби, односно да не набави воопшто доколку се покаже за непотребно. Во техничките спецификации за предметот на набавка во тендерската документација е дефиниран стандардот кој мазутот треба да го задоволува, согласно барањата на домашната регулатива, како и индикативните количини кои би биле потребни за максимален режим на работа на топланите за 15 дена“, појаснуваат од ЕСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk