logo
logo
logo

Зошто Швајцарците ЗАКОПУВААТ ЗЛАТО во своите градини, 750 милиони франци се ПОД ЗЕМЈА

Vecer | 23.03.2025

Зошто Швајцарците ЗАКОПУВААТ ЗЛАТО во своите градини, 750 милиони франци се ПОД ЗЕМЈА

Според најновите истражувања, пет проценти од Швајцарците закопале злато во своите градини, а се проценува дека моментално под земја има околу десет тони од овој благороден метал вреден 750 милиони франци.

Начинот на кој го кријат своето злато, Швајцарците би можеле да се споредат со пирати.

Златото е добро прибежиште бидејќи обезбедува осигурување во случај на непредвидени животни тешкотии.

Затоа, не е чудно што голем број Швајцарци поседуваат злато.

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Сент Гален покажа дека 65,2 отсто, или две третини, од 3.000 испитаници во Швајцарија веруваат дека инвестирањето во благородни метали е разумно.

Серхио Роси, професор по економија на Универзитетот во Фрајбург, изјави дека е изненаден кога дознал дека луѓето сè уште го закопуваат златото и рече дека тоа е показател за недоверба во банките и дека банките мора да го земат тоа предвид, пишува порталот swissinfo.

Всушност, златото е една од омилените облици на инвестирање за жителите на оваа богата земја, но сепак доминираат инвестициите во недвижен имот, акции и обврзници.

Професорот Роси не е изненаден од интересот на неговите сограѓани за злато. Според него, политичките и макроекономските промени предизвикуваат загриженост во целиот свет, вклучително и во Швајцарија.

"Постојат инфлациски притисоци кои предизвикуваат страв од пад на вредноста на заштедите во банките. Златото има репутација на сигурна инвестиција која не губи вредност. Луѓето кои можат да си го дозволат тоа купуваат злато за да ги одржат или дури и да ги зголемат своите средства", додава Роси.

Роси забележува дека богатството на просечниот Швајцарец е многу поголемо отколку во другите земји.

„Швајцарските граѓани можат да купат тони злато, што е тешко или невозможно во многу други земји“, посочува тој.

Истражувањето на овој феномен покажа и други, наводно, импресивни резултати.

Имено, утврдено е дека 22 отсто од испитаниците имаат во просек по 100,83 килограми злато во вредност од 7.500 франци. Се проценува дека целото население на Швајцарија поседува вкупно 200 тони злато, во вредност од 14,9 милијарди франци.

Истражувањето покажа дека 43 отсто од оние кои би продавале злато тоа би го направиле само во итен случај.

Извор: Klix.ba

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk