All-inclusive пакет-аранжманите пораснаа кога е Медитеранот во прашање, вклучувајќи ги и Мајорка и Крит.
Затоа бидете подготвени за малку повисоки цени низ европските брегови, почнувајќи од Јадранот и завршувајќи со бреговите на Грција, Турција и Шпанија. Од плажата Јаз во Будва до познатиот Миконос, туристите секојдневно се шокирани од растот на цените, а Би-би-си направи детална анализа на ситуацијата.
На пример, просечната цена за 7-дневен престој, со целосна услуга, во Мајорка во 2023 година чини 21 отсто повеќе. Цените за Тенерифе пораснале за повеќе од 22 %, според податоците на TravelSupermarket, а Крит е поскапен за 25 % во споредба со минатата година.
Генерално, најпопуларните дестинации, Шпанија, Турција, Грција, Португалија и Кипар, се поскапи за речиси 12 % ова лето. Сепак, поскапеа и цените во земјите надвор од Медитеранот.
Седумдневниот одмор во Мароко е поскап за 27 отсто во 2023 година, а во Бугарија за 13 отсто.
Патем, TravelSupermarket ги пресметува просечните цени користејќи ги резултатите од пребарувањето за одмор во дадените дестинации. Иако ова покажува општ тренд, точните трошоци ќе варираат во зависност од локацијата и периодот од сезоната.
Севкупно, просечната цена на пакет со комплетна понуда најбрзо се зголеми во Шпанија, за речиси 15 %, но најмалку во Португалија, за околу 5 проценти.
Сезона 2022 vs 2023 година
*Предвид е земен просечниот одмор за поединец или семејство, во август, во траење од една недела, со all inclusive понуда.
Шпанија - 935 евра (2022) и 1.072 евра (2023);
Турција - 1.045 евра (2022) и 1.148 евра (2023);
Грција - 1.128 евра (2022) и 1.272 евра (2023);
Португалија - 1.099 евра (2022) и 1.158 евра (2023);
Кипар - 1.228 евра (2022) и 1.335 евра (2023);
Мексико - 1.918 евра (2022) и 2.064 евра (2023);
Египет - 1.314 евра (2022) и 1.430 евра (2023);
Бугарија - 864 евра (2022) и 975 евра (2023);
ОАЕ - 1.652 евра (2022) и 1.953 евра (2023);
Мароко - 874 евра (2022) и 1.111 евра (2023).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата