Јавниот долг до крајот на годината ќе се искачи на 60,9 проценти од БДП и ќе достигне 10,2 милијарди евра, додека во 2026 година ќе завршиме со јавен долг од 62%, а земјата ќе има долг од над 11,1 милијарди евра. Ова го најави заменик-министерот за финансии, Николче Јанкулоски, во емисијата Бизнис21.
Тој нагласи дека планот е фискална консолидација и спроведување на фискалната стратегија, според која во рок од неколку години долгот треба да се намали под 60 проценти од БДП. Јанкулоски рече дека издавањето на еврообврзница од 950 милиони евра е во тек и планот треба да се издаде во јануари 2026 година.
„Планираме 60,9 проценти за 2025 година. Ова го кажавме на почетокот на 2025 година. А во пари? 9,7 ќе биде што, над 10? Со четвртиот квартал?. Да. До крајот со четвртиот квартал ќе го завршиме. 10,2 милијарди евра. Јавниот долг за 2026 година ќе биде 62 проценти. Вкупно? 11 милијарди 164 милиони евра“, нагласи Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии.
Јанкулоски потврди и дека е избрана банката што ќе ја финансира изградбата на брзата железница од Табановци до Гевгелија, но не го откри нејзиното име ниту колку камата ќе се плаќа за заемот од 2 милијарди евра.
„Значи, од сите банки, ова е единствената што е индикативна, но не е обврзувачка понуда. Мислам дека сум јасен. Кога ќе завршат, и ако овие разговори се успешно завршени… Кога очекувате да завршам? Сè е во интерес на државата, во интерес на државата е и од аспект на условите и каматната стапка, тогаш се преминува на следната фаза, конечната понуда. А потоа министерството ќе излезе на јавна расправа“, изјави Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии.
Јанкулоски е оптимист дека преговорите ќе бидат успешни и дека изградбата на брзата железница ќе започне кон средината на следната година.
The post Јанкуловски: Јавниот долг годинава 10,2 милијарди евра appeared first on Во Центар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата