Ве контактираме од компанијата Стокомак во врска со веста објавена на вашиот портал на 23.04.2025, со наслов:„Стокомак отвори прв свој маркет во Србија: СРПСКИТЕ ЦЕНИ ПОНИСКИ ОД НИВНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“ (Стокомак отвори прв свој маркет во Србија: СРПСКИТЕ ЦЕНИ ПОНИСКИ ОД НИВНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!).
Сакаме да ја демантираме информацијата објавена во насловот и содржината на текстот. Цените се споредени со леток, кој е објавен по повод отворањето на новиот маркет во Србија.
Станува збор за долгогодишна пракса на нашата компанија, која се применува при отворање на нови маркети и во Македонија.
Дополнително, споредбата на цени помеѓу два различни пазари кај еден ист трговец, бидејки трговската маржа кај трговецот е слична/идентична, сепак не е релевантна поради повеќе фактори – како различната стапка на ДДВ, царинските регулативи, и други пазарни услови кои се специфични за секоја земја. Затоа и неможете да ја добиете идетнично истата цени при пресметка на конверзија на валутите.
Како компанија, веќе 20 години се водиме според нашата основна цел: да обезбедуваме квалитетни производи по пристапни цени за нашите потрошувачи во Македонија.
Истата цел сега ја пренесуваме и на српскиот пазар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата