logo
logo
logo

Кому му веруваат најмногу ЗА НОВИ АВТОМОБИЛИ

Vecer | 01.10.2022

Кому му веруваат најмногу ЗА НОВИ АВТОМОБИЛИ

Студијата за лојалност на автомобилски марки на J.D Power за 2022 година, открива меѓу купувачите на нови автомобили која марка се издвојува како омилена.

Оваа студија сега е во својата четврта година и вклучува исклучиво анкетирање на купувачите на нови автомобили. Покрај тоа, таа е фокусирана на оние луѓе кои практикуваат купување „старо за ново“, останувајќи верни на брендот.

Затоа, во анкетата се вклучени само овластени продавачи. Во моментов има добра побарувачка за половни автомобили, но оваа студија дава интересен увид во лојалноста на клиентите кои се доволно трпеливи да чекаат да им биде испорачан нивниот нов лимен миленик, со оглед на тоа што залихите се намалени.

Тојота има доста лојални следбеници. Јапонскиот производител е рангиран на водечката позиција во категоријата масовно произведени автомобили и SUV/кросовер, постигнувајќи стапка на лојалност од 62,2 отсто за патнички возила и 63,6 отсто кога станува збор за SUV/кросовери.

Секако, рангирани се и премиум брендовите, а меѓу нив се и водечките Порше со 57,4 отсто, односно BMW, кој во класата SUV/кросовер со 58,6 отсто. Пикап камионите се последната категорија во истражувањето и тука природно доминира Форд, чија стапка на лојалност е 63,8 проценти, што е нешто подобро од Тојота во однос на најдобриот резултат.

„Постојат многу начини да се негува лојалноста на клиентите, но секој победнички бренд покажа посветеност на лансирање на свеж производ, одлични процеси фокусирани на сопствениците на возила, голема резидуална вредност и атрактивна понуда“, велат од JD Power.

Џенезис во категоријата автомобили (54,6 проценти) и Лексус во класата SUV/кросовер (56,4 проценти) исто така се рангирани добро во премиум сегментот. Второто место меѓу масовно произведените производители им припадна на Киа (54,1 отсто) и Субару за SUV/кросовери (62,6 отсто). Тојота за малку не ја освои третата титула, завршувајќи зад Форд во категоријата пикап камиони со 58,7 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk