logo
logo
logo

Кока Кола СТАНАЛА СКАПА, ЌЕ СЕ ТРГА ОД РАФТОВИ во германски маркет

Vecer | 05.09.2022

Кока Кола СТАНАЛА СКАПА, ЌЕ СЕ ТРГА ОД РАФТОВИ во германски маркет

Веројатно најпопуларниот газиран пијалок во светот наскоро повеќе нема да биде достапен во еден синџир супермаркети во Германија. 

Имено, Едека се откажува од продажбата на производите на Кока Кола, откако таа компанија ги зголемила цените. 

Германската фабрика за флаширање Кока Кола ги зголеми цените со образложение дека трошоците за енергија се повисоки, а Едека рече дека не го прифаќа поскапувањето и повеќе нема да купува пијалоци од таа компанија. 

 Кока-Кола, Фанта и Спрајт наскоро би можеле да исчезнат од полиците на овој синџир.  

Како што беше најавено од фабриката за флаширање на американската компанија во Германија, уште во јули, од септември, цените на сите производи ќе поскапат за повисок едноцифрен процент. Намирниците не смеат да станат луксузна стока“, изјави првиот човек на Едека, Маркус Моса,  

Ова не е прв пат Едека да се судри со производител на стоката што ја продава. 

Моментално синџирот се расправа со американскиот концерн Mondelez, исто така, за цените, бидејќи чоколадото Милка во некои земји се нуди по многу поевтина цена, пренесува Handelsblat. 

„Едека“ повеќе од една година ги нема ни соковите „Граници“ или „Хохес Ц“ во продавниците, бидејќи е спорна и со производителот. Едека своевремено во конфликт со компанијата ПепсиКо ја отстрани целата палета на производи на тој американски концерн, вклучително и Пепси, од својот асортиман, до пролетта кога беше постигнат договор за понатамошна соработка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk