Веќе не е тајна дека на рестораните и хотелиерите им недостига работна сила, а се се смени кога започна пандемијата на Ковид-19, но тоа продолжи и по враќањето во нормала.
На почетокот на кризата имаше масовни отпуштања во овие гранки, а сега работниците се „тие што се прашуваат“.
На менито на еден ресторан на езерото Констанца стои натпис: „Поради недостиг на вработени, моментално нудиме намален избор на храна“. Згора на се, во Германија со недели има проблем со сончогледовото масло кое е клучна состојка не само во домаќинствата, туку и во сите кујни на угостителските објекти.
Ова не е случај само во Мерсебург или Минхен, туку низ целата земја. И секако, овој проблем не ги мачи само Германците. Во меѓувреме, насекаде се одржаа бројни преквалификации - особено во погодените гранки. Авионската индустрија во моментов се соочува со невидени предизвици, а најновите вести се штрајкови на Италијанците кои бараат подобри плати.
Додека готвачите имаат подобри плати и веројатно, поповолни услови за работа од келнерите - на вториве им е сè потешко да се вратат на старата професија. Им пречат ниските плати, недостатокот на флексибилност, тешките смени... Да не беше коронавирусот и принудниот прекин на работата на многумина од нив, веројатно повеќето од нив ќе продолжеа да ја работат таа работа.
Сепак, околностите ги принудија да бараат други опции и да ги прошират своите хоризонти. Слична приказна има и Соња Дилон (33), која работела на шалтер за пријавување во компанијата Virgin Atlantic. Таму поминала 5 години, но во 2020 година била прогласена за „вишок“. Сега, вели, не би се вратила на таа работа, особено што започнала сопствен бизнис.
Познавачите на случувањата во угостителската индустрија велат дека компаниите не смеат да попуштат во напорите да обезбедат квалитетна обука. Затоа, инвестирањето во работници, обуката и можноста за напредување се дополнителни поволности кои работниците ги ценат, но кои често недостасуваат.
Ова особено се однесува на младите, професионалците кои припаѓаат на генерацијата Z или групата милениумци, кои постојано бараат поголеми и подобри права, повисоки плати, ниво на флексибилност во работата што би им обезбедила благосостојба. Затоа, се смета дека се потребни општествено-политички напори, особено кога станува збор за гранки кои не можат да се работат од далечина.
Неопходно е да се биде на работното место, а токму тука се појавуваат нови предизвици за многумина кои работејќи од дома можеа да завршат некои итни обврски, да се грижат за децата, постарите родители...
Се смета дека е потребна креативност при вработувањето, како и обука за таленти и активирање на понатамошниот потенцијал на вработените, како враќање на жените на работа или промена на кариерата. Има многу жени во угостителството, како и во хотелиерството - важно е да се најдат соодветни мерки кои ќе им дадат соодветна флексибилност, за да можат и да градат семејство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата