Денес, 20 април, Царинската и гранична заштита на САД лансираше онлајн портал преку кој повеќе од 330.000 компании увозници можат да побараат враќање на вкупно 166 милијарди долари царински давачки.
Врховниот суд на САД пресуди, да се потсетиме, во февруари, во сооднос од 6 спрема 3, дека тие тарифи - кои претседателот Доналд Трамп ги воведе со повикување на Законот за вонредни економски овластувања (IEEPA) - се неуставни и дека претседателот едноставно нема законско овластување да преземе таков потег. Повратот не оди кај потрошувачите кои со месеци плаќаа повисоки цени за увезените производи отколку кај компаниите увозници.
Граѓаните кои го понесоа товарот остануваат со празни раце, а Соединетите Американски Држави, сосема е сигурно, веќе се во фискална драма која ќе биде тешко да се поправи на среден рок, односно во следните пет години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата