Октомвриската револуција во Русија го смени светот повеќе од било кој настан последниве два века, од Француската револуција 1789–1799 после која светот за прв пат тргна, и стапи, од феудализам и монархија кон граѓанско општество.
За разлика од Франција, револуцијата во Русија се случи во воено време, со голема идеолошка и финансиска интервенција од странство и предизвика промени во целиот свет кои се присутни и денес: дали е тоа денешното постоење на држави со идеологијата на Болшевиците или политичките поделби во светот и влијанието на крупниот капитал врз политиката... Последивците се тука, и во економијата, и во општествата и во причините и последиците за современите голоеми војни во Украина и на Блискиот Исток.
Историјата ја диктира иднината, колку и да се спротиставува некој на тоа, така е.
Постојат формални причини за Октомвриската револуција но, постојат и неформални причини и пат како таа, и зошто, навистина се случила токму тогаш и токму во Русија кога комунистичката идеологија потекнува од Германија, предводена од Карл Маркс, и кога таа идеологија се темели на давижење меѓу работниците, а Русија била аграрна а не индустриска држава како Британија, Германија или Франција, со развиена работничка класа, каде што би било повеќе логично комунизмот на Карл Маркс да се случи. А не се случи.
Револуцијата, сепак, се случи во Русија.
Време пред невреме

По големиот костимиран бал одржан во Зимскиот дворец во Санкт Петербург на 11 и 13 февруари 1903 година, организиран на 290-тата година од крунисувањето на династијата Романови на „Серускиот царски престол“, великиот војвода Александар Михајлович, го нарече „последниот спектакуларен бал во историјата на Империјата...“.
Меѓу другото, Големиот војвода ги запишал следните зборови во тоа време: „...Но друга, нова, непријателска Русија нè гледаше низ големите прозорци на палатата... Додека танцувавме, работниците протестираа, а од Далечниот Исток се надвиснуваа заканувачки, црни облаци...“
Секако, Големиот војвода мислел на несреќната руско-јапонска војна од 1904 година кога зборувал за заканата од Далечниот Исток, но згрешил, бидејќи во годините по балот, па дури и по војната со Јапонија, над царска Русија „темните облаци не се надвиснувале од Исток“, туку „од Запад“, од каде што овие „бури“ традиционално доаѓаат во руските пространства.
Во 1904-та Русија влегла во војна со Јапонија. Ентузијазмот и вербата во победа биле големи поради статусот на руската војска како една од најсилните во светот. Тешките борби завршиле во март 1905 година со повлекувањето на руските трупи под команда на Алексеј Куропаткин. Одлучната поморска Битка кај Цушима им ја дала на Јапонците можност за диктирање на условите.
Со потпишувањето на Договорот од Портсмут, Русија ја напуштила Источна Азија, а Јапонија се стекнала со контрола над Кореја и поголем дел од Манџурија. Поразот на Русија ја поттикнала Руската револуција од 1905 година.
Гневот поради поразот експлодирал на 9 јануари 1905 година (22 јануари по новиот календар) во Санкт Петербург. Околу 100.000 луѓе, предводени од свештеникот Георгиј Гапон, тргнале мирно кон Зимскиот дворец за да му предадат петиција на царот со барања за подобри услови и политички слободи. Болшевиците во тие настани, предводени од свештеник кој бил следен од селани и работници, немале никаква улога ниту важност. Војската и полицијата отвориле оган врз ненаоружаната толпа. Загинале стотици луѓе, а овој ден влезе во историјата како Крвава недела. Голема грешка на царот Николај Втори кој, освен што ја загуби војната, го наруши и сопствениот углед во народот наведуван на насилна наредба токму од поразените генерали.

По Крвавата недела низ целата империја почнале масовни штрајкови, селски бунтови и немири. Во јуни 1905 година избувна востание на оклопниот брод „Потемкин“ во Црното Море – прв пат дел од војската отворено се сврте против режимот.
Во октомври 1905 година почна сеопштиот политички штрајк во кој учествуваа преку два милиони луѓе. Железниците запреле, немало струја, весници, телеграф – целата земја била парализирана. Во Санкт Петербург се формирал првиот Совет на работнички депутати, а еден од неговите лидери бил младиот Лав Троцки.
Владимир Илич Ленин во тоа време бил во странство, се вратил во земјата во ноември 1905 година и повикал на општо востание. На 20 декември започнал општ штрајк, кој се развил во вистинска револуција - и бил задушен до крајот на годината.
Овие две имиња: Лав Троцки и Ленин ќе ја пишуваат историјата која ја читаме, но и живееме ден денес. И тоа не само од и по Октомвриската Револуција, туку и за денешен Израел и Украина, држави околу кои се вртат двете најголеми војни по Втората светска војна.
А каде бил Ленин пред првата револуција во 1905?

Семејно презиме на Ленин му е Уљанов, револуционерниот псевдоним Ленин (првично Волгин, Николај Ленин, подоцна В.И. Ленин) е по по сибирската река Лена. Ленин потекнувал од угледно семејство - неговиот татко, Илја Николаевич, бил раководител на училишниот систем во Симбирската губернија, носител на Орденот на Станислав од прва класа и благородник (со право на наследување) од четвртиот од четиринаесетте ордени на руското благородништво, а неговата мајка, Марија Александровна Бланк, била образована жена, ќерка на лекар. Имал двајца браќа и три сестри, а сите освен една сестра станале професионални револуционери.
Неговиот постар брат, Александар Уљанов, бил стрелан во 1887 година откако учествувал во неуспешен заговор за атентат врз царот Александар III. Неговата смрт имала големо влијание врз младиот Владимир Ленин, насочувајќи го кон порадикален револуционерен пат.
Во март 1889 година, семејството Уљанов се преселило во Самара, а Владимир се сели во Санкт Петерсбург откако добил лиценца за адвокат, а веќе во есента 1891 година дипломирал како најдобар студент. Во есента 1893 година се населил во Санкт Петербург, каде што во 1895 година учествувал во обединувањето на марксистите од Санкт Петербург во една организација - Сојуз на борба за ослободување на работничката класа.
Организацијата била распуштена кон крајот на 1895 година, а уапсениот Ленин поминал една година во затвор, бил осуден на три години прогонство во сибирското село Шушенское во Минусинскиот округ. Потоа ја напишал добро познатата студија „Развојот на капитализмот во Русија“, во која се обидува да докаже дека капитализмот ја уништува руралната општина и создава рурален пролетаријат кој може да стане сојузник на малиот број индустриски работници во Русија.
Откако е ослободен од затвор во јануари 1900 година, Ленин емигрирал во Швајцарија. Таму го издавал неделникот Искра заедно со Георги Плеханов и Јулиј Мартов и се сретнал со основачите на руската социјалдемократија, марксистичкиот ортодоксен Георги Плеханов и Павел Акселрод во 1895 година во Женева но, имал отпрвин критички однос кон политичката економија на Карл Маркс и ја прифатил стратегија за соработка со либералните партии. Првото значајно отстапување од стандардната марксистичка теорија од тоа време е Лениновата теорија за партијата. Во книгата „Што да се прави?“ (Что делает', 1902.) со руската варијанта на британскиот синдикализам која го изедначувал работничкото движење, патем се потпирајќи се и на традиционалните вредности на руските селани без кои, според него, со малку развиена работничка класа не е можна револуција во Русија .
Го уредувал неделникот Искра заедно со ветерани од руското социјалдемократско движење Плеханов, Акселрод, Вјера Засулич и Јулиј Мартов Цедербаум, идниот водач на меншевиците пред Октомвриуската револуција, според многу сведоштва, можеби единствениот пријател што Ленин некогаш го имал.
Се водат бурни теориски расправи околу концептот на идна руска револуција. Редакцискиот одбор на централното тело, кој го основал конгресот, имал поголеми овластувања од Централниот комитет. На барање на Ленин, „поразените“ Акселрод, Потресов и Засуличева биле отстранети од редакцијата, оставајќи ги само Ленин, Мартов и Плеханов. Но, Плеханов го отфрлил болшевичкиот концепт и побарал реконституирање на редакцискиот одбор на пропорционална основа. Бидејќи не можел да ја контролира Искра, Ленин ја напуштил редакцијата, а самиот весник продолжил да се издава како меншевички билтен. Кавгите меѓу руските социјалдемократи, поминале практично незабележано во земјата.
Руската револуција од 1905 година, ги затекна емигрантските идеолози неподготвени.
Зошто е битно ова? Во тоа време, кај револуционерите во најава, се појавуваат етнички поделби и, за прв пат, етнички организирани политички барања на Евреите за време по револуцијата.

Во постреволуционерната атмосфера, руските социјалдемократи одржаа конгрес за обединување во Стокхолм во април 1906 година. На конгресот, делегатите претставуваа околу 13.000 болшевици и околу 18.000 меншевици (болшевиците во меѓувреме станаа бројчено малцинство); на конгресот Се појавил Бунд кој претставуваше околу 33.000 еврејски работници. Поентата е дека на Конгресот настапувале работнички организации од држави како од Русија, Полска, Литванија... а Бунд претставувал еврејски работници зад која група не стои ниту една држава. Еврејскиот Бунд (целосно име Algemeyner Yiddisher Arbeter Bund in Lite, Poyln un Rusland - Општ еврејски работнички сојуз во Литванија, Полска и Русија бил влијателна секуларна, социјалистичка еврејска партија основана во 1897 година во Вилнус.
На Вториот конгрес на руските социјалдемократи, Ленин се спротивставил на Бунд (партија на еврејскиот пролетаријат) кои барале форма на национална и културна автономија за Евреите (Ленин, како и сите марксисти, вклучително и оние од еврејско потекло, верувал дека Евреите не се нација и дека нивните барања се неосновани).
Бунд само го започнал клучниот проблем на етничка автономија во мултинационалната Империја. Ленин брзо се зафатил со горливото прашање на националната независност и самоопределувањето („Националното прашање во нашата програма“, Искра, 1903). Неговото решение било следново: “нациите имаат право на самоопределување до отцепување - меѓутоа, остварувањето на тоа право е подредено на пролетерските и револуционерните интереси на авангардата на поединечните нации“.
Современата историја ги бележи овие настани како прв обид на Евреите во 20-тиот век за политичка автономија во ракмите на социјалдемократското, а потоа комунистичко движење. Обидот е одбиен но, Евреите ќе земат клучни места и функции по Октомвриската револуција во власта на Ленин и битно влијание во создавањето и процесите на Советскиот сојуз.
Лав Троцки (Лав Давидович Бронштајн): Еден од клучните водачи на револуцијата покрај Ленин, организаторот на Црвената армија и првиот народен комесар за надворешни работи.
Јаков Свердлов: Првиот претседател на Серускиот Централен извршен комитет (де факто шеф на државата) и клучна фигура во организацијата на партискиот апарат.
Григориј Зиновјев: Долгогодишен претседател на Коминтерната и истакнат член на Политбиро.
Лав Каменев: Член на првото Политбиро и еден од најважните партиски идеолози.
Карл Радек (Карол Собелсон): Истакнат член на партијата, заменик-комесар за надворешни работи, вклучен во пропаганда.
Максим Литвинов (Мајер Мојсејевиќ Валах): Подоцна долгогодишен народен комесар (министер) за надворешни работи.
Хајнрих Јагода: Подоцна станал шеф на тајната полиција на НКВД во текот на 1930-тите.
Лазар Каганович: Близок соработник на Сталин кој се искачил низ партиската хиерархија во текот на 1920-тите и 1930-тите.
Во раните години на СССР, Евреите беа исклучително активни во административниот апарат, разузнавачките и безбедносните структури. Иако имале истакнати улоги во раните фази, болшевичките власти во средината на 1920-тите и особено во текот на 1930-тите (Големата чистка) ги елиминирале повеќето еврејски лидери од државните и воените структури. Според болшевичкиот попис од 1922 година, Евреите сочинувале само околу 5,21% од членовите на партијата, но нивното присуство на врвот на владата било многу повидливо.
Што ќе беше со историјата да се случеше спротивното. Да беше поддржана иницијативата на Бунд за создавање еврејска автономија во рамките на идниот Советски сојуз? Дали ќе постоеше денешната држава Израел?
И, се случува Октомвриската револуција

Како и во Револуцијата во 1905-та година, и за време на Октомвриската револуција во 1917 година (почнала во февруари, Ленин доаѓа во април а превратот се случува на 7-8 ноември 1917 година) Ленин не е во Русија кога таа почнува во февруари. Февруарските настаните се случуваат додека тој е во Берн, Швајцарија а Ленин доаѓа на крајот од процесот.
Митот за Октомвриската револуција вели дека ја предводеле Владимир Ленин и болшевиците, заедно со меншевиците, левите социјалистички револуционери и анархистите. Но, не е така. Ленин не можел да биде предводник затоа што во тоа време не ни бил во Русија.
Болшевиците ја пишуваа светската историја, но без помошта на Вилхелм II, Ленин немаше да ја спроведе Октомвриската револуција. Освен тоа, без германската поддршка, болшевиците на Ленин немаше да ја преживеат првата одлучувачка година на власт. Веројатно, Советскиот Сојуз никогаш немаше да биде создаден, немаше да има подем на комунизмот, студената војна и поделбата на Светот на Источен и Западен блок.
Четири долги години, власта во Берлин ги поддржуваше болшевиците и другите револуционери во Русија - со германски марки, муниција и оружје. Најмалку 26 милиони (тогашни) германски марки биле платени за оваа намена од страна на германското Министерство за надворешни работи до крајот на 1917 година.
Кога царот Николај II конечно падна по Февруарската револуција од 1917 година , Ленин дојде во Русија од швајцарски егзил. Германија ја обезбеди согалсноста од Ленин преку неговите блиски соработници Григориј Зиновјев и Каерл Радек. Германските власти, обебзедувајќи му сигурен транспорт со воз, му овозможија да се врати во Русија во сред борби во војната.
Ленин е повикан од Троцки да се врати во Русија. Одлучува да патува низ Германија инкогнито, како глувонем Швеѓанец. На крајот, тој се согласил со предлогот на емигрантите - левичари од Русија, кои се залагаа за рута низ Германија и Скандинавија. Сепак, таков ризичен чекор можеше да се преземе само со согласност на службите на Кајзерот.
Ленин го замолил швајцарскиот социјалист Фриц Платен да патува со него под услови што ќе им бидат дадени на германските пратеници во Берн. Најважните точки од условите биле следниве: Само Платен комуницира со германските власти; Никој не смее да влезе во трајно затворениот вагон. Вагонот добива право на екстратериторијалност. Патниците плаќаат за билети според важечката тарифа. Никој во берлинската влада не поставил никакви прашања за тоа патување. Канцеларот Бетман Хелвег, како и Паул фон Хинденбург, началник на Врховната команда, чија согласност му беше потребна на Министерството за надворешни работи од логистички причини, знаел за него и и транспортот е реализиран. Од Берлин, возот се упатил кон Засница, а оттаму со ферибот до Трелеборг, шведскиот пристанишен град. Патување од два дена. Возот бил запечатен, и вагонот недостапен за влез за било кого.
Во возот е транспортирано и злато, кое во најголем дел го обезбедувало банкарското семејство Шиф (во едно интервју, самиот Јаков Шиф, шеф на богатата династија, се фалел на кон крајот на животот дека го финансирал падот на Руската империја) и од скандинавските политички партии, првенствено Шведска, како и комунистичките другари од Швајцарија.
Јакоб Фирстенберг, доверливиот човек на Ленин, го чекал составот во Трајленборг. По неколкудневен престој во Стокхолм, патувањето продолжило, исто така со воз, преку граничниот премин во Хапаранда. Вечерта на 16 април, во 23 часот, Ленин пристигнал во Петроград (Санкт Петерсбург).

Истата ноќ, Ленин објави нов курс: одбраната на земјата е „ситнобуржоаска“ и „буржоаска измама на работничката класа“. Треба да кажеме „не“ на војната и Привремената влада, а „да“ на продолжувањето на револуцијата. Руската војска ја запира војната, Германија го решава Источниот фронт од каде потоа нема закани.
На 17 април 1917 година, шефот на германската разузнавачка служба телеграфира од Стокхолм до Генералштабот во Берлин: „Ленин се врати дома среќно. Тој работи, целосно, како што посакуваше“. Половина година подоцна, Ленин ја освои власта по Октомвриската револуција, исто така со помош на Германците. Потоа, новосоздадената советска држава склучи мир со Кајзеровиот рајх, со што се стави крај на Источниот фронт и се отвори вратата за огромното влијание на Германија во Источна Европа. Мисијата е исполнета.
Берлинската влада со радост регистрира дека барањата на Ленин за крај на војната и распределба на земјата на безземјиштето наишла на голем одѕив. Во извештајот за ситуацијата во Русија од 5 јуни 1917 година, се наведува: „Лениновата пропаганда е од типот што најдобро функционира кај голема маса луѓе“. Неколку дена подоцна во Стокхолм, германскиот амбасадор забележува: „Не е далеку времето кога Лениновите групи ќе го преземат кормилото на земјата, што би ја завршило војната...“
Со мировниот договор од Брест-Литовскиот од март 1918 година, тие го исполнија и своето ветување дека Русија ќе излезе од Првата светска војна, но набргу потоа следеше граѓанска војна меѓу болшевиците и белогардејците (Царистите), која ќе трае уште три години.

Рускиот цар Николај II Романов, неговата сопруга и петте деца Олга, Татјана, Марија, Анастасија и Алексеј биле убиени на 17 јули 1918. година по наредба на Болшевиците, осум месеци по Октомвриската револуција. Нивните тела биле фрлени во рудник, а потоа набрзина погребани во близина на Екатеринбург, на Урал. Русија е избришана од картите и постоењето, новата дражава на Болшевиците е Советскиот сојуз.
Што потоа

Советскиот Сојуз (СССР) го замени Руското Царство, чиј последен монарх беше царот Николај II, кој владееше до 1917 година. Советскиот Сојуз беше основан во декември 1922 година како сојуз на руските, украинските, белоруските и транскавкаските советски социјалистички републики, предводени од болшевичките партии.
Формирањето на СССР се случува по долгата и крвава руска граѓанска војна (1918 – 1922), која се состоеше од борби меѓу владините сили и бунтовниците против болшевичката власт, воени трупи во различни делови на Русија кои поради белите царски униформи се наречени “Белогардејци“. Со Ришкиот мир, на почетокот на 1921 година, спорната територија во Белорусија и Украина беше поделена меѓу Полска и Советска Русија.
Ленин, кој дојде на власт ветувајќи мир, крај на војната и крај на крварењето, беше причина за многу поголемо крвопролевање и непропорционално поголемо страдање - бројот на жртви за време на неговото владеење ги надмина загубите на царска Русија во Првата светска војна за многу пати.
Болшевиците го воведоа таканаречениот „воен комунизам“ или насилно идеологизиран економски систем кој беше сведен на насилно одземање жито и храна, организација на социјалистичката економија како целосно централизиран систем без пазар и размена на стоки. Овој „експеримент“ доведе до голема глад (од 3 до 5 милиони мртви). Околу 2 милиони луѓе избегаа и беа протерани од земјата, од автентични противници на болшевичкиот режим до имагинарни осомничени. Комунистите ги окупираа неруските земји во кои на власт беа неболшевички партии и сили (Грузија, Украина...) оправдувајќи го тоа со потребите на „пролетерската револуција“.
Владимир Илич Ленин починал на 21 јануари 1924 година. Официјалниот запис вели дека починал по серија мозочни удари. Живеел колку и неговиот татко кој од слични причини починал на возраст од 54 години.

Пред смртта се противел на политчкото напредување на Јосиф Висиaронович Сталин со кого имал чести политички кавги, обострано брутални и навредливи. Ленин го сметал Сталин за „суров“ Грузиец и несоодветен за високи функции. Нивниот однос особено се влошил кога, за време на телефонски разговор, Сталин извикал навреди кон сопругата на Ленин, Надежда Крупскаја. Ленин инсистирал Сталин да не го наследи и негов наследник да биде Лав Троцки.
По смртта на Ленин во јануари 1924 година, Сталин, Лев Каменев и Григориј Зиновјев го презеле водството на партијата, идеолошки позиционирајќи се помеѓу Троцки (претставник на левото крило на партијата) и Бухарин (на десното крило на партијата).

Сталин наскоро ќе ја смени страната и ќе застане на страната на Бухарин. Заедно тие се спротивставија на опозицијата формирана од Троцки, Каменев и Зиновјев.
Троцки (Лев Давидович Троцкий) во 1929-та е протеран од СССР, бега во странство, и во 1940-та е убиен во Којоакан во Мексико.
Камењев (Лев Бори́сович Ка́менев) заедно со Зиновјев (Григо́рий Евсе́евич Зино́вьев) се судени и осудени на смрт во 1936 година поради наводен заговор со Троцки за атентат врз Сталин.
Сите тројца наведени се дел од петочленото раководтсво на СССР по смртта на Ленин. И сите тројца се Евреи, што можеби го докажува пишувањето за Сталин дека според него Евреите ги има премногу во власта, и дека за него не се пожелни во водењето на државата бидејќи тој ги сметал за опасност уште од времето кога еврејските интелектуалци околу Ленин застапувале автономија за Евреите во новата држава СССР.
Отпрвин блискиот соработник на Сталин, Бухарин (Николай Иванович Бухарин), творецот на “новата советска економија, ќе биде “опасност за државата“ па и тој во 1938 година бил суден и убиен заради заговор против Сталин.
И тука почнува денешнината, постојаната борба на Русија и САД за контрола врз нафтата.

Кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, Баку (денешен Азербејџан) бил светски центар на нафтената индустрија, каде што се вкрстувале интересите на браќата Нобел, семејството Ротшилд и Џон Д. Рокфелер, пред средствата да бидат национализирани од Советскиот Сојуз.
На почетокот на 20-тиот век, во Баку се произведувало повеќе од половина од светската нафта (над 50% во 1901 година), што предизвикало „црна треска“ и интерес на големи меѓународни инвеститори.
Француската филијала на семејството Ротшилд, преку Касписката и црноморската нафтена компанија (BNITO) основана во 1886 година, станала клучен играч со финансирање на изградбата на железничката пруга Баку-Батуми (завршена во 1883 година) и инфраструктурата за извоз на нафта на европските пазари. Тие значително помогнале во модернизацијата и извозот на нафта, честопати кредитирајќи на помалите производители во Баку.
Ротшилдови и браќата Нобел (кои доминирале во производството) биле главната конкуренција на Стандард Оил на Рокфелер на глобалниот пазар. Рокфелер се обидел да ја одржи доминацијата, но нафтените полиња во Баку нуделе поевтина нафта, принудувајќи ја Стандард Оил на големи трошоци за да воведе модерни техники и транспорт.
По Октомвриската револуција од 1917 година и доаѓањето на болшевиците во Баку во 1920 година, нафтената индустрија била национализирана. Имотот на Ротшилдови и Нобелови (Бранобел) бил конфискуван и претворен во државен имот, а била создадена и компанијата „Азнефт“. Александар Серебровски бил назначен за раководител на Азнефт и станал познат како Советски Рокфелер, водејќи ја индустријализацијата на нафтата под советска власт. По револуцијата, руската нафта стана поевтина од американската, што создаде конкуренција за интересите на Рокфелер.

По напуштањето на Русија Рокфелер и Ротшилд, во соработка со нафтните гиганти од Британија, Холандија и Шведска се префрлаат на Блискиот исток.
Условот за влегување на САД во Првата светска војна, кога стана јасно дека Франција и Велика Британија не можат да се справат со Германија, а Русија „се откажа од војската“ поради Февруарската револуција, Рокфелери поставија цел развој на нафтената империја во Њу Џерси.
Ротшилд се нафрла врз нафтеното богатство на Блискиот Исток. Од 1927 година, Стандард Оил имал 25% од акциите во IPC, ирачката нафтена компанија, основана уште во 1912 година под името TPC, турската нафтена компанија.
Покрај тоа, 50% од акциите потоа станале сопственост на владата на Отоманската империја, а 25% беа дадени на Шел од Ротшилдови. Британците „ја знаат иднината“ - затоа што сами ја планираат, сфаќајќи дека по распадот на Германија и Отоманската империја во Првата светска војна, како победници, ќе земат 100% од сè. Тоа би се случило доколку Антантата можеше да ги победи Германците на бојното поле.
Но, за европските сојузници, таа задача беше огромна, а беше потребна помошта на САД - сила на генералот Першинг, која го одлучи исходот на војската на Западниот фронт. Вклучувањето на Американците во војската за да ги убеди Британците да ги исполнат условите што им ги наметна американската влада на различни начини. Германија веќе беше во американска финансиска зависност: во 1914-1916 година, тие дадоа огромни заеми не само на Кајзерите, туку и на нивните отомански сојузници, добивајќи влијание во нивната политика.
Дали ова денес изгледа познато? Дали Историјата е бескрајна шпанска серија во која само се менуваат глумците и сценографијата, а се друго е исто. И оваа војна за нафта е како и сите претходни. Европа сака ама не може. Америка може но, бара покорност од Европа. Русија бара свој простор тука некаде, помеѓу нивните вековни тензии и калкулации.
А Украина?

По смртта на Сталин во март 1953 година на власт, неочекувано, доаѓа Украинецот Никита Сергејевич Хрушчов кој во меѓусебна партиска пресметка за функцијата го победува моќниот шеф на тајната служба НКВД - Лаврентиј Берија.
Хрушчов од школо имал завршено само две одделенија, бил столар но, и многу активен во партијата па во 1935-та бил поставен за прв секретар на централниот комитет на градот Москва. Стапува на власт на 7. септември 1953-та, а веќе во декември истата година Берија е ликвидиран.
Партиските ривали на Хрушчов го разрешиле на состанок на Централниот комитет на 14 октомври 1964 година. Разрешувањето во голема мера се должело на неговите ексцентричности, скандали и чудни манири, што партијата го сметала за огромен срам на меѓународната сцена. Комунистичката партија продолжила да го обвинува Хрушчов за правење политички грешки, како што се провоцирањето на Кубанската ракетна криза во 1962. и дезорганизирањето на советската економија, особено во земјоделскиот сектор.
По неговото отстранување од власт, Никита Хрушчов поминал седум години во домашен притвор. Починал во својот дом во Москва на 11 септември 1971 година.
Во меѓувреме, На 19 февруари 1954 година, со иницијатива на Никита Хрушчов и одлука на Врховниот совет на СССР, Крим станал дел од Украинската Советска Социјалистичка Република, што предизвикало уште тогаш противење и негодување кај Русите но, под притисок на службите предводени од Хрушчов таа одлука со децении не смеела да биде јавно критикувана . По распадот на СССР, Крим останал дел од Украина.
По осамостојувањето од СССР Украина прифати и внесе во Уставот дека ќе се откаже од атомското отружје и ќе биде воено неутрална држава со руски како втор службен јазик.
Шеесет години по одлуката на Хрушчов да го припои Крим на Украина се случи војната во Украина. Поради немирите во Украина на почетокот на 2014 година и соборувањето на украинските власти, кримскиот парламент објави референдум за идниот статус на Крим. На референдум да се одлучи Крим да стане дел од Руската Федерација. Осум години потоа почна руско-украинската војна која е во тек.

Блискиот Исток, Украина... Ленин. Богатите од форматот Рокфелер, Ротшилд, Нобел... тогаш и денешните богати од информатичката, воена и фармациска индустрија сега се истата позадина.
И денес се бара некој Ленин кој ќе ја урне власта во Иран. И денес се здружува Западот против Русија како во времето на Студената војна, се борат за нафта и минерали и се бара нов Горбачов кој ќе потпише се што треба и ќе биде награден со Нобелова награда. Запишан во западните енциклопедии како “реформатор“, а во руската историја како предавник.
Тензиите се исти, локациите и мотивите на борбите се исти, само се смениле актерите и пристапот до информациите за обичниот човек кој сега знае повеќе отколку нашите дедовци и прадедовци тогаш. Но, и тогаш да знаеле како ние сега - дали можеле нешто да сменат?
Д.П. Латас
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата