logo
logo
logo

Жена му на Мило носи елек од „САМО“ 4300 евра!?

Vecer | 29.11.2022

Жена му на Мило носи елек од „САМО“ 4300 евра!?

Лидија Ѓукановиќ, сопругата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, предизвика бура и дебата меѓу симпатизерите и противниците на ДПС поради елекот што го носеше на синоќешниот протест.

На протестот кој нејзиниот сопруг синоќа повторно го организираше во Подгорица, а на кој, се разбира, тој повторно не се појави, Ѓукановиќ позирала во елек „Диор“ за кој Владислав Дајковиќ, лидерот на Слободна Црна Гора, тврди дека чини дури 4.300 евра.

- Лидија Милова Ѓукановиќ во елек ДИОР од 4.300 евра. Вака се брани државата од Србите и другите непожелни елементи! – напиша Дајковиќ на Твитер со фотографија од споменатиот елек со цена.

Одговор доби и од очигледен поддржувач на политиката на Ѓукановиќ. - Кажи му на тој мајмун дека го најдовме елекот на Лидија за само 140 евра и дека излажал 30 пати - напишал твитерџијата.

 

Инаку, не е првпат првата дама на Црна Гора да крене прашина поради нејзините безобразно скапи парчиња облека.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk