Земјотрес од 4,4 степени по Рихтер на Халкидики, бил почувствуван и во Солун

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван во близина на Халкидики, се наведува во прелиминарната проценка на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12:53 часот по локално време, се наоѓа на 12 километри југозападно од Ормилија, Халкидики.
Фокалната длабочина се проценува на 15 километри.
Според очевидци, потресот бил почувствуван и во Солун.