logo
logo
logo

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници

Vecer | 30.12.2024

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници

Над еден милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија Костас Јулекас, јави дописничката на МИА од Атина.

Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила посетеноста на продавниците во Солун, додека пак во градот сообраќаат 15.000 возила помалку.

- Метрото му дава нов живот на градот, намалувајќи ја употребата на возила и зајакнувајќи го пазарот. Заедно градиме поодржлив и пофункционален Солун, истакна Јулекас.

На состанокот што бил одржан денеска со Координативен совет разговарале и за создавање паркинг места во близина на метро станиците, како и за намалување на проблемите создадени во сообраќајот поради изградбата на обиколницата fly over. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk