logo
logo
logo

Заемно признавање на дигиталните сертификати за вакцинација помеѓу Турција и Србија

Vecer | 10.05.2021

Заемно признавање на дигиталните сертификати за вакцинација помеѓу Турција и Србија

Помеѓу Турција и Србија е постигнат договор за взаемно признавање на дигиталните сертификати за вакцинација.  Ова го потврди Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ.

После денешната средба со амбасадорот на Турција во Белград, Хами Аксој тие потврдија дека ќе бидат разменети дипломатски ноти за заемно признавање на електронските сертификати за извршена вакцинација против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.

Оваа размена треба да се случи во следните неколку дена, по што може да се очекува одлука од Владата на Република Турција и Владата на Република Србија, кои ќе им овозможат влез на граѓаните на другата земја со дигитален сертификат за вакцинација, соопшти српското Министерство за трговија, туризам и телекомуникации.

– Олеснетото пристигнување на турски туристи ќе ја подобри состојбата во туристичкиот сектор на Република Србија, а ова е исто така добра вест за нашите граѓани кои ќе можат полесно да патуваат во Турција, имајќи предвид дека Турција е една од омилените дестинации на српските граѓани. На овој начин, и Србија и Турција можат да очекуваат значително подобра летна туристичка сезона од претходната, изјави министерката Матиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk