logo
logo
logo

Вучиќ рече дека Ковачевски многу жестоко реагирал на тоа што Курти го направил во Тетово

Vecer | 22.08.2023

Вучиќ рече дека Ковачевски многу жестоко реагирал на тоа што Курти го направил во Тетово

Српскиот претседател Александар Вучиќ за српските медиуми изјави дека единствено македонскиот премиер Димитар Ковачевски остро и критички зборувал против премиерот на Косово Албин Курти за време на самитот на лидерите во регионот што се одржува деновиве во Атина.

Вучиќ посочи дека на средбата во Атина премиерот Ковачевски жестоко реагирал на она што Курти го направил во Тетово. „Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина“ – вели српскиот претседател Вучиќ.

„Многу е важно нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат повнимателни, за да не излезе ништо што би можело да се искористи за да не направиме исто како Курти. Затоа синоќа имав долг разговор со Ковачевски и им се извинив на сите ако некој кажал нешто лошо за Македонија. Андреј Пенковиќ одржа многу смислен говор, што не ми е лесно да признаам. Многу сериозен, систематски и рационален пристап кон идните европски прашања“, рече Вучиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk