logo
logo
logo

Вучиќ: Приштина во Брисел не покажа дека сака договор, западните партнери бараат решение

Vecer | 28.02.2024

Вучиќ: Приштина во Брисел не покажа дека сака договор, западните партнери бараат решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека режимот на Приштина вчера во Брисел покажал дека не сака договор или нормално однесување кон Србите кои живеат на Косово и Метохија, но дека му се чини дека Европејците и Американците сакаат да најдат решение, објави Телеграф.

„Можеби не она што ни одговара, туку луѓето да продолжат да живеат нормално. Верувам дека ќе успееме да ја најдеме во наредните денови“, рече Вучиќ во Брисел, одговарајќи на прашањето дали е поблиску до решение по вчерашната средба во Брисел.

Тој посочи дека и вчера во Брисел било јасно дека Приштина не сака никакво решение.

„Јасно беше дека (премиерот) Албин Курти и (претседателката) Вјоса Османи и режимот во Приштина не сакаат, по секоја цена и на кој било начин, ако не договор, барем нормално однесување кон Србите кои живеат на Косово“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека верува оти ќе се најде решение заедно со западните партнери.

„Секако дека не е добро, но решение што ќе значи опстанок и можност за живот на нашиот народ на Косово и Метохија“, додаде претседателот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk