Откако студентката Милица Живковиќ (25) трагично починала скокајќи од зградата на Филозофскиот факултет во Белград, јавноста во Србија е во шок. Девојката била во кабинет на Филозофскиот факултет во кој имало значително количество пиротехника, бибер спрејови... и други “помагала“ кои биле користени за време на студентските демонстрации во Србија од страна на блокадерите.
Кабинетот им бил штаб, и се уште е, збирно место на кое се договарале, спиеле, се чувала пиритехника. И сето тоа со знаење на декнот Синани.
Освен тоа факултетот морал да биде заклучен во тоа време што е јасно наведено и на влезот дека зградата се заклучува во 22:00 часот, а несреќата во него се случија 40 минути потоа.

Што правел деканот Синани? Зошто студентите биле во зградата ? Кој се беше во зградата на факултетот во 22:40 часот? Каде било обезбедувањето, што правеле?
Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) објави детали за трагедијата што се случи во четврток вечерта на Филозофскиот факултет, кога студентката Милица Живковиќ (25) го загуби животот.
Како што е наведено во соопштението, полицијата денес, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, продолжува да зема изјави и да собира докази во врска со безбедносните пропусти на факултетот, што доведоа до пожар предизвикан од пиротехника на петтиот кат на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград на 26 март околу 22:40 часот. После тоа, студентката Милица скокнала од петтиот кат на платото пред факултетот и починала на самото место.
Изјави во полиција треба да дадат раководителот на студиската програма за модерна и современа уметност на тој факултет, Ј. Ч, претставник на компанијата за обезбедување „Сфинга“ - Д. И. и И. О, координатор за безбедност во компанијата „Сфинга“.
Вчера попладне беа сослушани деканот на Филозофскиот факултет, Данијел Синани, и неколку други вработени.
Обвинителството им наложи на полицијата да им постави низа прашања за време на сослушувањето во врска со безбедносните пропусти на Филозофскиот факултет, смртта на студентка, внесувањето и складирањето пиротехнички средства во државна високообразовна институција и низа други прашања на кои треба да се одговори - кој е виновен за оваа трагедија и кој дозволил таква анархија?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата